Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манолева: Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што мисли дека е најдобро за некого

/

Македонија

Сподели преку :

Манолева тврди дека и порано се видела со родителите на Леонид Индов и им укажала дека во Македонија има центар каде што може да се направи рехабилитација во делот на отстранување на респиратор.

Останува на Фондот за здравство и на второстепената комисија дали рехабилитацијата и лекувањето на Леонид Индов ќе продолжи во Австрија.

Состојба на Леонид, Манолева негира незаинтересираност, парите за лекување се собираат на социјални мрежи

-Не може да се сетам кој период беше точно, сигурно има неколку месеци, имав средба со родителите на којашто им образложив како специјалист од областа, каков треба да биде, не како заменик министер туку како специјалист од областа, каков треба да биде патот на детето, изјави заменик министерка Маја Манолева, денеска одговарајќи на новинарско прашање.

-Така да, не е точно дека не сме се заинтересирале, дека не сме овозможиле ништо досега. Одлуката беше нивна. Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Апсолутно ги поддржувам и се уште стојам на располагање на родителите за секаква помош што би можела да ја укажам и лично како лекар и како заменик-министер, но и како специјалист по физикална медицина и рехабилитација, дополни Манолева.

Jumbo 2