Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер Оливер Спасовски ќе продолжат да земаат функционерски плати уште една година. Комисијата за избори и именувања ги усвои нивните барања за апанажа. Со тоа, ќе земаат плата во целосен износ од околу 2.500 евра, иако пред околу еден месец си поднесоа оставки за да биде избрана техничката Влада. На Ковачевски му е одобрено и службено возило.
Апанажата законски им следува на сите поранешни министри, пратеници и други функционери. За извршување на функцијата повеќе од шест месеци се одобрува плата уште три месеци, шест месеци апанажа се дава за работа од шест до 12 месеци, девет месеци за работа од една до две години, додека вршење на функцијата над две години овозможува апанажа од 12 месеци. Ковачевски бил премиер две години и 11 дена.













