Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставниот суд потпиша Меморандум за разбирање со Мисијата на ОБСЕ во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Уставниот суд и Mисијата на ОБСЕ во Скопје склучија Меморандум за разбирање со кој се овозможува промоција и унапредување на принципите на владеењето на правото и основните права и слободи на граѓаните.

Мисијата на ОБСЕ се приклучува кон славењето на 60-годишниот јубилеј на Уставниот суд кој се одбележува оваа година и по тој повод ќе ја поддржи меѓународната конференција во март на која се предвидени учесници од 15-тина делегации, вклучувајќи претседатели и судии од повеќе Уставни судови, експерти од областа на уставното судство.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска изрази голема благодарност до амбасадорот Килијан Вал за препознавање на вредностите коишто ги промовира Судот и неговата улога во правниот поредок.

Вал ги нагласи заедничката заложба за заштита на човековите права, унапредување на транспарентноста и поткрепата на начелата на владеење на правото во Република Северна Македонијa.

Jumbo 2