Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Како ќе се користат парите за студентски оброк

/

Македонија

Сподели преку :

Субвенционираниот студентски оброк изнесува 140 денари на ден. На своите посебни сметки наменети за оваа мерка, студентите добиваат финансиска поддршка за оброк секој ден од понеделник до сабота и може да ја користат кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

Средствата се исплаќаат дневно на посебна кредитна картичка, но, доколку не ги трошите, ќе се собираат на вашите сметки заклучно со сабота. Во сабота располагате со 840 денари. Доколку во сабота не се искористат средствата, нема да ви бидат достапни.

Оние студенти кои сакаат средствата да ги трошат неделно, потребно е првите пет дена да не го трошат оброкот од носењето на измените и потоа да си пазарат од сабота до сабота.

140 денари е понижувачка сума се жалат студентите- „Подобро нешто, отколку ништо“ вели екс-премиерот Ковачевски

Инфлацијата зголемена, студентскиот оброк од 140 денари низок за студентите, се жалат тие. Парите не се доволни за да се прехрани еден студент,а уште повеќе се револтирани што надлежните размислувале за зголемување на партиципацијата. „.Како прво овие пекарите на Бит пазар немаат можност да се плаќа со картичката. Имаме бифиња кај нас на факултетите, но… Продолжи со читање

telma.com.mk

Сумата за дневен студентски оброк не се менува и останува 140 денари. Досега таа сума можеше да се искористи само во еден ден по што парите автоматски се враќаа во буџетот на министерството, а со измената периодот за трошење на субвенцијата се зголемува на 6 дена односно работна недела. Измената ќе биде на сила од 01.03.2024.

Телма на својот инстаграм профил организира анкета за висината и потребата за студентски оброк. Кликнете за да ја пополните.

Jumbo 2