Вести Македонија

Антикорупциска и Обвинителството ќе ги следат евентуалните незаконитости во изборниот период

Антикорупциска и Oбвинителството се подготвуват да ги следат двојните избори, секоја институција низ призма на својата надлежност. Новиот состав на ДКСК ги најави активностите во предизборниот период.

Кога ќе се посомневаат дека се прекршени законоти за спрчеување корупција и Изборниот законик ќе преземаат мерки за да ги потврдат сомнежите и ќе ги известат надежноисте институции, велат од Антикорупциската комисија

ДКСК во функција на следење и контрола на законитоста на финансирањето на изборната кампања и на севкупниот изборен процес ќе остварува непосредна соработка со медиумите, здруженијата на граѓани и со граѓаните и за таа цел ја охрабруваме целокупната јавност навремено да ги пријавува конкретните случаи на прекршување на забраните утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Изборниот законик, изјави Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК

И обвинителството ја активираше  Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со организирањето и спорведувањето на изборите и гласањето.

За претседател на комисијата повторно е определен обвинителот Џељаљ Бајрами а членуваат уште 5 обвинители од вишите обвинителства и основното скопско обвинителство.

Граѓаните, невладините, партииите и сите други засеганти, пријавите за предизборните и изборните прекршувања можат да ги пријават на електронската адреса – [email protected]

 Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување стои во соопштението од Јавното обвинителство.

И додека новиот државен обвинител Љупчо Коцевски ова го договарал  со неговите колеги од републичкото обвинителство, новиот состав на ДКСК на првата конститутиваната седница ја претстави и состојбата со предметите.

Преземале 547 предмети најголем дел поврзани со имотна состојба а помал број поврзани со спречување на коруција и судир на интереси.  34 нови предмети примиле во првата минатата недела од мандатот. Речиси сите звучни предмети, претходните антикорупционери ги завршија и ги процесуираа до соодветните институции.

Новата антикорупциска комисија го избраа и првиот заменик претседател со 6 месечен мандат-  членот Зоран Богоевски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе