Вести Македонија

Кој да се грижи за старите лица, во Македонија недостасуваат државни старечки домови

Населението во Македонија старее, а белата чума продолжува да коси покажуваат статистичките податоци на надлежните институции. За сѐ поголемиот број стари лица, кои за жал имаат потреба од нега, недостасуваат и старечки домови, но и стручен кадар кој знае како да им ја пружи неопходната грижа. Бројките покажуваат дека во Македонија има многу малку државни домови кои немаат доволно кадар, а приватните домови пак се добро екипирани, но цените се клучниот проблем за пензионерите.

„Проблемот на долготрајно згрижување на возрасните пациенти станува сѐ поголем и поактуелен проблем во нашата земја. Со оглед на фактот дека населението старее и процентот на возрасно население е сѐ поголем. Досегашните капацитети го покриваат овој проблем во еден дел. Меѓутоа како што се актуелизира проблемот за во иднина ќе биде потребна една навистина посебна стратегија во оваа насока да ги задоволиме потребите на оваа категорија на пациенти на кои им е потребна продолжена и долготрајна грижа“, изјави Билјана Петреска Зовиќ, Специјалист по интерна медицина.  

Општините бараат начин каде да ги згрижат старите луѓе, па затоа се повеќе поранешни објекти како градинки, училишта и слично се пренаменуваат во домови за стари лица. Таков е примерот со Пробиштип и Кратово.

Долготрајното згрижување во старски домови се остварува на два начини, во државни и приватни установи. На територијата на Македонија има пет државни домови, во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола и Берово. Моментално постојат и четириесет приватни домови кои се под надлежност на Министерството за труд и социјала.

Податоците од последниот попис покажуваат дека во државата има повеќе од 11.500 луѓе со навршени 75 години, над 8.600 луѓе со 80 години, повеќе од 5.000 луѓе имаат повеќе од 85 години, а 51 граѓани имаат наполнето над 100 години.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе