Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО – ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривична пријава за Спасовски

/

Македонија

Сподели преку :

ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава за доскорешниот министер за внатрешни Оливер Спасовски бидејќи ги има оштетено граѓаните и буџетот, со тоа што знаејќи дека ваква обврска ќе стапи на сила, набавувал обрасци за лични документи, иако знаел дека граѓаните не можат да ги користат до крајот на рокот на нивното издавање, најавија од партијата.

Претходно кривична пријава против Спасовски и против МВР најави и движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Од таму соопштија дека надлежното министерство што го водеше Спасовски до средината на 2021-ва не набавувало и не издавало документи со новото уставно име.

Исто така МВР и министерот не ги презеле сите дејствија кои требало да бидат преземени за навремена набавка на соодветни обрасци за лични документи со уставното име, односно доцнеле со набавката на соодветни обрасци и не ги известиле граѓаните навремено за состојбата.

Кумановскиот градоначалник со кривична пријава за сограѓанинот Спасовски поради кризата со лични документи

Поради кризата со издавањето на лични документи, Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски ќе поднесе кривична пријава кривична пријава против Оливер Спасовски и против МВР. Движењето на Димитриевски смета дека неговиот сограѓанин Спасовски извршил две кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и „несовесно работење во службата“. Од ЗНАМ соопштија дека надлежното министерство водено од Спасовски до… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2