Вести Економија

Битиќи: Ниту една од четирите стратешки инвестиции во енергетиката нема да го намалат дефицитот во енергетскиот биланс

Ниту една од четирите стратешки инвестиции во енергетиката кои го поминаа првиот филтер во Собранието не е доволна да го намали дефицитот кој го имаме во енергетскиот биланс, одговори вицепремиерот на економски прашања Фатмир Битиќи на прашањето зошто земјата самата не ги изгради овие инвестиции.

Ќе има простор и ние да изградиме доволно фотоволтаичницентрали, гасни централи, затоа што не е доволно, затоа што а јавен оглас се појавиле овие инвеститори кои кажале ние сакаме да помогнеме со наши приватни  инвестиции, рече вицепремиерот во вечерашната Топ Тема на Телма.

Нагласи дека во Стратегијата за енергетика е јасно напишано дека приватните инвестиции ќе помогнат да се направи целосната енергетска транзиција која ќе трае до 2040 година.

Претходно Битиќи ја бранеше одлуката да се гради когенеративната гасна централа од страна на Митилинеос, инсистирајќи дека освен што ќе се добијат дополнителни количини на струја и топлинска енергија во Скопје, туку и државата ќе биде во добивка од 10 милиони евра .

Со договорот за стратешката инвестиција на Митилинеос за изградба на когенеративна централа во Скопје, обезбедивме модел со кој ќе се добие поевтина струја за граѓаните во наредните 20 години. Потребата од топлинска енергија во Скопје е 510 гига вати, а моментално се произведува 275 гига вати, имаме разлика која е израз на потребата за затоплување на домовите во Скопје. Со изградбата на оваа централа, таа потреба ќе биде задоволена, а со тоа ќе се обезбеди и топлинска енергија за дополнителни 36.000 домаќинства во главниот град, рече Битиќи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе