Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца загинати и седум повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

/

Македонија

Сподели преку :

Две лица на лице место  загинаа во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани, а седумина се повредени и првично биле транспортирани во кочанската болница. Ова е исходот од несреќата која се случи меѓу три автомобили во близина на атарот на село Жиганци.

По увидот од страна на обвинител од Кочани издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата,

На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење, се вели во соопштението од обвинителството.

Во кочанската болница првично беа пренесени седум пациенти, но дел од нив се транспортираа во Штип и Скопје.

Од Клиничката болница-Штип попладнево информираа дека од кочанската болница кај нив се пренесени пет пациенти, од кои двајца поради сериозноста на повредите се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза“-Скопје, а на тројцата пациенти кои се во регионалната болница им се прават снимки и прегледи од страна на специјалистите.

Идентитетот на двете жртви сѐ уште е непознат, според информациите од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, несреќата е пријавена во 12 часот и 42 минути, а се случила меѓу возила голф, со кочански, ситроен со винички и сеат ибица со скопски регистерски таблички.

Лани на патиштата во источниот регион животите ги загубија 14 лица.

Викторија Димитрова Јованова

 

Jumbo 2