Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските граѓани со лични карти кои се со името Република Македонија може да излезат од државата на граничниот премин Табановце кон Србија

/

Македонија

Сподели преку :

Граѓаните без проблем можат да излезат од државата на граничниот премин Табановце кон Србија, и со лични карти кои се со името Република Македонија, но се со важечки датум, соопштија од Министерството за внатрешни, откако утрово министерот Панче Тошковски беше на Табановце, за да види како се одвива преминувањето на границата на возила и патници кон Србија.

Тошковски повтори дека граѓаните имаат право, доколку бидат спречени да излезат од државата, да добијат писмено образложение со причините за тоа.

Исто така, српската гранична полиција му потврдила на Тошковски дека преминот на македонските граѓани се одвива непречено.

Jumbo 2