Вести Македонија Топ вести

Прешова во Топ Тема: Има нееднаков третман на граѓаните, прашањето е на кој начин граѓаните кои веќе платиле ќе имаат можност да си ги повратат средствата

Како се случи масовен „притвор“ на простор од 25 илјади метри квадратни на илјадници македонски граѓани без нови пасоши?

Валидни, а неважечки сообраќајни дозволи, регистарски таблички… Хаос предизвикан од Преспанскиот договор или од институционална немарност и неодговорност? Кој ќе одговара за кршењето на основните човекови права?

Во Топ Тема вечерва дебатираат со универзитетскиот професор Денис Прешова и адвокатот Владимир Туфегџиќ.

„Имаме задирање во слободата на движење од денеска, правото не е повредено, ќе видиме како ќе биде понатаму докажувањето, што ќе направат властите во врска со тоа, бидејќи очигледно е дека тие ја одбраа цената за неисполнување на Преспанскиот договор, која е преголема о однос на правата и слободите на граѓаните. Ние денеска не го испочитувавме рокот предвиден со точка 10 член 1 од Преспанскиот договор поврзан со делот на техничките рокови поврзан со наведените документи. Сметам дека мерката е несоодветна, односно законските измени кои беа донесени 2021 година и вакво „ан блок“ утврдување на неважност на документи со старото име на државата. Сметам дека не се неопходно и не се пропорционални, рече Денис Прешова, универзитетскиот професор.

Адвокатот Туфегџиќ кажа дека чека по пошта да му стигне возачката дозвола, а аплицирав на 17. Ноември. „Се надевам дека ќе стигне па јас лично ќе бидам комплетиран со документи“, вели тој.

Вадата денеска донесе одлука возачките, сообраќајните дозволи и патните листи од утре да бидат бесплатни, а вице премиерот за економски прашања Битиќи вели дека за оние кои веќе извадиле документи оваа одлука е дискриминирачка и на владина седница се разговарало за ова и се очекува во наредниот период да се најде решение и за нив.

  • „Очигледно дека има нееднаков третман на граѓаните, прашањето е на кој начин граѓаните кои веќе платиле ќе имаат можност да си ги повратат средствата. Претходно слушнавме и од техничкиот министер за внатрешни работи и од техничкиот министер за надворешни работи дека се согласуваат дека е несоодветно се да биде на товар на граѓаните, особено заради тоа што државата покажале недоволен административен капацитет, па и политички и дипломатски“, рече Денис Прешова, универзитетскиот професор.

„Можете да најдете начин на некого да му се оддолжите ако имате со што да му се оддолжите. Значи моменталната ситуација е таква што граѓаните немаат избор. Едноставно нови формулари нема. Секој ден имаме нови предлози нови одлуки за личните документи. Но, реалноста е дека ние фактички имаме состојба каде што надлежниот орган кој бил должен тоа да го обезбеди не го направил. Едноставно ние немаме фонд на лични документи, кои дали бесплатно или со плаќање може да ги испорачаме на граѓаните. Одлуката на владата во суштина не менува ништо бидејќи веќе добар дел од граѓаните немаат законски пропишана форма на личен документ“, истакна Владимир Туфегџиќ, адвокат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе