Водовод ја избриша објавата дека речиси цело Скопје денеска по 17 часот ќе остане без вода. По иформцијата која предизвика бура од реакции, претпријатието се огради од напишаното и обвини дека некој неовластено велгол на нивниот фејсбук-профил.
„ За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност, поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје. Сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење“, пишува во официјалното соопштение на Водовод.
Скопјани вчера преку целиот ден се прашуваа како е возможно претпријатието да санира дефект во недела и да ги остави без вода, во единстевниоте слободен ден во кој можат да ги завршат домашните обврски. Хаосот што го предизвика вчерашната неовластена објава на Фејбук профилот на водовод, доѓа по само пет дена откако на чело на ова препријатие застана Виктор Панчевски.
Со првичната објава се најавуваше интервенција на главната водоводна цевка од Рашче кон Скопје поради што ќе има прекин во водоснабдувањето или слаб притисок во системот, а тоа се однесуваше на речиси целиот главен град.
Веб медиумот сдк.мк објави дека новиот директор воопшто не бил информиран за интервенцијата и за прекинот на водоснабдувањето поради што побарал повлекување на известувањето и одложувањето на интервенцијата за наредниот период.