Вести Македонија

Националниот парк Шар Планина се дави во смет и депонии

Од една страна прекрасна природа, од друга купишта смет. Туристите на Шар Планина затекнуваат ваква слика. Диви депонии со најразличен отпад, кои ги снимивме при нашата обиколка на дел од шарпланинските села заедно со директорот на Јавната установа која раководи со Националниот парк.

Диви депонии има на повеќе локации во Националниот парк Шар Планина. Тие се претежно лоцирани во населените места , во кои има проблем со транспортирањето и складирањето на сметот.

Ариф Гафури кој живее и работи во село Вешала, вели дека се свесни дека со тоа што го фрлаат сметот во планината се загадува природата, но нема каде да го депонираат, затоа што не доаѓа никој да го подига.

  • Ги фрлам тука, тоа не е добро, немам каде да ги носам, морам да го фрлам. Да има канти би било подобро, би се собрало од цело село и да се носи доле, но еве и овде започнале да фрлаат, вели Ариф Гафури, жител на село Вешала.

Директорот на Националниот парк вели дека отпадот е фрлан со години наназад и истата практика продолжува и денес. Проблемот го посочува во општините кои не го собираат сметот од неколку шарпланински села, а од друга страна жители на градот носат во планината.

  • Нема редовно собирање на отпад и тие мештани од тие села се принудени некаде да го фрлат тој отпад што го собираат секојдневно го собираат. Освен тоа имаме и цврст отпад што исто така се фрла во коритата на реките. Тој отпад завршува во овие реки што ги имаме , затоа е таква сликата на реките се е пластика најлони. Кога ќе има повеќе вода во реките ќе ги донесе во нашиот град, низ главниот град, кажа Ибрахим Дехари, директор на Националниот парк Шар Планина.

Од Установата велат дека организираат еколошки акции во соработка со планинарски клубови, но проблемот треба да се реши со тоа што Општините чии села гравитираат во Националниот парк трба да ги стават во програмата за редовно собирање смет, барање кое го упатиле до нив.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе