Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОБНОВЕНО: Дали Скопје ќе остане без вода: Одбројување без точни информации за прекинот откако “Водовод” го повлече ФБ соопштението. Потоа стигна мејл пред полноќ

/

Македонија

Сподели преку :

Водовод прво на Фејсбук најави, но, потоа го избриша известувањето дека цело Скопје утре ќе биде без вода.

Првичното соопштение беше дека утре (недела 11.02.2024.) во 17 часот поради интервенција на главната цевка од Рашче кон Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето или намален притисок.

Надлежните не одговараа на повиците за повеќе детали околу прекинот на водата. На ФБ беа наведени голем број на населби кои треба да останат без вода, а на листата беше о Клиничкиот центар каде има голем број пациенти и планирани оперативни зафати.

На листата беа Аеродром, Центар, Карпош, Арнакија, Сарај, Чаир, Кисела Вода, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Жданец, Нерези, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, дел од Гази Баба, Скопје Север, Топанско Поле и Автокоманда.

Според сознанијата на Телма, станува збор за завршна интервенција во санирањето на големата водоводна цевка од која се снабдува главниот град. Интервенцијата трае веќе две недели.

Но, откако “Водовод” не достави повеќе информации, постот на компанискиот ФБ профил исчезна. Нема никакво известување на веб сајтот на Водовод.

Последна вест:

Претполноќно соопштение на Водовод за утрешниот “прекин” во водоснабдување

По цел ден молк од мејлот  [email protected] стигна соопштение според кое утре Скопје ќе има вода, а наведенп е и обвинување дека неовластено е навлезено во компанискиот ФБ профил. Соопштението во целост: Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето. За жал, на социјалните мрежи… Продолжи со читање

telma.com.mk

На жителите на главниот град им преостанува да одбројуваат до 17 часот утре за да видат што ќе се случи или пак во меѓувреме Водовод официјално и соодветно ќе извести дали ќе има или ќе нема интервенција и прекин во водоснабдувањето.

(Фотографија од избришаниот ФБ пост со најава за прекинот на водоснабдување)

 

 

Jumbo 2