Вести Македонија Најважни

Ковачевски: Таравари не е клучен за иднината на државата, тој е политичар од Гостивар, успешен доктор и си прави свои политички калкулации

-Ние не можеме европската интеграција на државата да ја ограничиме на тоа дали господинот Таравари поминал од власт во опозиција. Јас не сметам дека Таравари е толку судбоносен за иднината на државата. Сепак се работи за политичар од Гостивар кој е успешен доктор, кој прави свои политички калкулации, одговори претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на новинарско прашање дали европскиот фронт постои откако министрите-приврзаници на лидерот на Алијансата беа разрешени на синоќешната седница на Собранието.

-Мислам дека господинот Таравари не е клучен за иднината на државата, додаде Ковачевски и посочи дека иднината на државата не може да зависи од еден човек или од една политичка партија туку станува збор за општествен процес.

Европскиот фронт за кој се залагаме постои и тоа се гледа на дело и преку мнозинството во Парламентот кое синоќа со 62 гласа „за“ ги разреши министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу.

– Во нашата држава има политички партии кои што се за европска интеграција на државата. Ние не можеме европската интеграција на државата да ја ограничиме на тоа дали господинот Таравари поминал од власт во опозиција. Јас не сметам дека Таравари е толку судбоносен за иднината на државата. Сепак се работи за политичар од Гостивар кој е успешен доктор, кој прави свои политички калкулации, беше и министер за здравство и одигра улога во функционирањето на владата, рече Ковачевски.

-Немој да заборавите дека СДСМ е најголемата партија. СДСМ е во коалиција со либералите, со зелените и со голем број на други политички партии кои имаат идеолошки концепт. Тоа се партии кои обезбедија членство во НАТО, обезбедија отпочнување на преговорите со ЕУ. Тоа се политички партии кои ќе обезбедат целосно зачленување на Северна Македонија во ЕУ, додаде Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе