Наместо нега и топло катче за игра, навреди и насилство. Тригодишно дете било под постојан терор на 32-годишна негувателка. Му се обраќала со погрдни зборови, го тегнела и влечела за коса. Градинката во Радишани во неговите очи станала Куќа на стравот.
Според истражителите, понижувањето траело цела година, а последиците се вознемирувачки. Од силниот страв и претрпен стрес, три годишното дете го изгубило говорот. Негувателка е под истрага за запуштање и малтретирање на дете.
„Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетено тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, па тоа претрпело силен страв и стрес, што резултирало со губење на говор и страв од одење во градинка, соопшти ЈОРМ.
Јавен обвинител бара на негувателката да и` се забрани влез во градинката, да не смее да му се приближи на детето и да се спречи каков било контакт со него,со неговите родители и сите кои сведочат за нејзиното немилосрдено однесување.
Меѓу мерките на претпазливост, се бара привремено одземање на нејзината патна исправа, да и` се забрани да го напушта живеалиштето и да и` се наметне обврска повремено да се јавува во судот.
Весна Јовановска Дојчиновска