Вести Македонија

ССМ уште еднаш повика да се преиспита пресудата со која им се одзема сградата каде е сместено седиштето на синдикатот

Од Сојузот на синдикатите на Македонија и денеска реагираат на пресудата на судиите Шпенд Деваја, Исамедин Лимани и Наке Георгиев од Врховниот суд, кои донесоа одлука за одземање на имотот со кој располагаше синдикатот, односно Работничкиот дом во центарот на Скопје.

Со пресудата, од ССМ тврдат дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка која има тешки последици.

Од ССМ уште еднаш повикаа на разрешување на судиите, бидејќи, како што посочуваат, не се достојни да ја извршуваат оваа функција.

Заради нестручното, несовесното извршување на функцијата судија од страна на Наке, Шпенд и Исамедин од Судскиот совет денеска бараме да донесе одлука за разрешување на наведените судии од вршењето на судската функција во Македонија. И на таков начин да започне борбата против корумпираното судство, судството подложно на политички притисоци и судството подложно на олигархиски притисоци. Довербата во судството од 3,2 проценти која во текот на вчерашниот ден беше изјавена во анкета, сметаме дека треба да почне да се враќа токму од оваа институција тука. И ги охрабруваме луѓето во Судскиот совет, брзо и ефикасно да ги разгледаат сите овие документи кои ги имаме, уште три вакви купчиња имаме за секој судија поединечно, докази кои потврдуваат дека работниците самите го изградиле Работничкиот дом, и дека никој не може да го земе на начин на кој сакаат да го грабнат од работниците, изјави претседателот на ССМ Слободан трендафилов.

Претседателот на ССМ порача дека Сојузот на синдикати постои од 1948 година, а овие судии нема да бидат судии повеќе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе