Вести Македонија Најважни

(Фото) Алиу од Куманово: Има дел ДУИ-сти во Алијанса на Албанците, но тие не можат да надвладеат со желбата на мнозинството

Во моментот во Куманово е во тек состанокот на членови на Централното Собрание на Алијанса на Албанците кои се приврзаници на лидерот на партијата Арбен Таравари.

Пред состанокот, изјава за медиумите даде министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу кој рече дека не постои раскол во Алијанса на Албанците.

„Овие луѓе коишто се тука. ова е Алијансата“, посочи Алиу.

„Има дел од партијата коишто се ДУИ-сти“, вели Алиу, но тврди дека тие не можат да надвладеат со желбата на мнозинството.

Тој ја отфрла можноста за расцепување на партијата на два субјекта со различни политички ставови.

Состанокот започна со албански патриотски песни и митинг со членството кое дојде во поддршка на лидерот Таравари. Предвидени беа говори пред затворениот дел од состанокот каде што претседателот на партијата ќе побара поддршка за коалиција со Европскиот сојуз за промени.

На состанокот во Куманово се присутни над 80 делегати од Централн ото Собрание на Алијанса на Албанците.

Централното собрание на партијата има 133 делегати, нешто над 80 се присутни во Куманово.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе