Вести Македонија

Утврдена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на Горан Трпеноски на 27 април 2017 година

Уставниот суд, на денешната седница, во предметот У.бр.26/2023, утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот, на новинарот Горан Трпеноски застапуван преку адвокат Филип Медарски.

Според Судот, подносителот на барањето, какo новинар вработен во дигиталната редакција www.sdk.mk, заедно со други новинари, бил присутен во зградата на Собранието, со задача да известува за случувањата околу изборот на нов претседател на Собранието, како прашање од јавен интерес, на начин што е вообичаен за известување на медиумите за работата на Собранието.

Подносителот на барањето, бил оневозможен како новинар да ги изрази своите мислења и идеи без страв, на начин што од страна на државата не била исполнета нејзината позитивна обврска – да го заштити подносителот на барањето во наведените вонредни и насилни околности и да овозможи да ја информира јавноста за настаните во Собранието.

Ова е пропуштено да се утврди со пресудите на Граѓанскиот и на Апелациониот суд, со што е сторена повреда на неговата слобода на мислата и јавното изразување на мислата гарантирана со член 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и член 16 од Уставот на Република Северна Македонија.

Според Уставниот суд слободата на медиумите како составен дел на слободата на изразувањето ја опфаќа слободата на јавното информирање и примање, пренесување на информации, што претставува една од основите на демократското општество, бидејќи слободната комуникација на информации и идеи за политичките и другите општествени прашања од јавен интерес се од суштинско значење за секое општество.

Ова имплицира слобода на медиумите да добиваат информации врз основа на кои тие ќе можат да ја остваруваат својата улога, да коментираат и известуваат за сите значајни прашања од јавен интерес, без граничувања со цел информирање на јавноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе