Вести Македонија

Грковска: Несериозно е да очекуваме од нашите стратешки партнери да поднесуваат посебни барања, наместо веднаш да бидат процесуирани во нашиот правосуден систем

Ваквиот закон не може да биде противуставен затоа што ако го дефинирате начинот на кој што ќе се постапува со лицата и компаниите кои ќе се најдат на црната листа на САД и Обединетото Кралство, и таа е врзана со веќе постоечкото македонско законодавство, тогаш таа не може да биде противуставна, инсистира вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска.

Сметам дека треба да бидеме свесни дека стратешкото партнерство со САД е клучно за нашата држава, ако САД биле наш недвосмислен поддржувач, историски гледано наназад, за постигнување на сите наши стратешки цели, и како народ и како држава, тогаш истото би требало да се однесува и кога станува збор за борбата против корупцијата и организираниот криминал. Сметам дека во најмала рака е несериозно ние да очекуваме од нашите стратешки партнери да поднесуваат посебни барања, како што налага актуелниот закон, наместо доколку се објават листи и компании на црната листа веднаш да се процесуираат во нашиот правосуден систем, рече вицепремиерката Грковска.

Според неа, иницијативата со овој закон е да се поттикнат правосудните органи да бидат поефикасни и да го работат она што се очекува од нив. Грковска посочи дека и по допрен глас може обвинителството да реагира, но за жал не сме виделе ниту еден чекор помрднување во таа насока.

Ние сме свесни дека ваквите решенија предизвикуваат вознемирување во онаа мала група на луѓе која што е научена да се однесува со државата како што сака. Фактот дека и сѐ уште бегалецот од правдата Груевски од Будимпешта се јави да реагира и да се повикува на суверенитетот на државата, сакајќи да се спротивстави на ваквите решенија, само зборува за тоа дека иницијативата којашто ја покренавме и законските решенија кои што ги направивме ја погаѓаат целта, вели Грковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе