Вести Македонија Најважни

Штрајкот во ФЗО ставен во мирување, граѓаните ќе може да ги добијат потребните услуги

Од попладнево сите граѓани ќе може да добијат сервисни услуги на сите свои барања и потреби во подрачените единици на Фондот за здравство (ФЗО) и ниту еден нема да биде вратен, како што беше сликата овие три дена. Синдикатот го стави штрајкот во мирување, откако Владата попушти и на вчерашната седница одлучи да препорача да нема намалување на платите за 21 отсто во однос на исплатената декемвриска, а тоа го потврди Управниот одбор.

Платата на вработените во Фондот останува иста, односно вредноста на бодот од 77 денари нема да се менува до 31 мај годинава.

Очекувањата на Синдикатот се дека и по 31 мај и ребалансот на Буџетот нема да има промена во висината на платите. Од УПОЗ се заблагодарија на разбирањето на граѓаните за време на тридневниот штрајк.

Диркеторката на Фондот потврди дека вработените со засилено темпо работат на сервисирање на редовните обврски кон граѓаните и здравствените установи поради тридневниот застој.

Штрајкот во Фондот почна во понеделникот. Голем број на граѓани не може да добијат услуги како осигурување, потписи, печати или електронска потврда во системот за да може да се спроведе операција или крупен медицински зафат и процедура, бидејќи вработените работеа само на осигурување на деца и хоспитализирани лица и упатување на лекување во странство.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе