Вести Економија Македонија

Писмото од инженерите не помогна, стратешките проекти по скратена постапка ќе го поминат собранискиот филтер

Мнозинството пратениците кренаа рака, сите четири предлог- закони за стратешките инвестициски проекти да се донесат по скратена постапка. Но од ВМРО- ДПМНЕ, се спротивставија, побараа да се повлечат. Пред гласањето вицепремиерот Битиќи на кратко ги образложи законите.

Се очекува  намалување на загадувањето во главниот град во текот на зимскиот период, намалување на трошоците во здравствениот систем, вели Фатмир Битиќи,  вицепремиер за економски прашања

Пратеникот пак  од ВМРО- ДПМНЕ Петар Ристевски, со забелешки  токму за предлог законот за Митилинеос. Откако образложи колку е штетен, побара да не се гласа.

-Гледам дека овој закон го предлага министерот за економија Бектеши, потписник е вицепремиерот  Артан Груби. Очигледно фудбалерите од канцеларија знаат дека им завршуваат договорите и сакаат да се обезбедат со богати провизии, вели пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ, Петар Ристевски.

Претходно од опозициската ВМРО ДПМНЕ побара повлекување и на други предлог закони за стратешки проекти. Но, ништо од тоа не беше прифатено.

Деновиве дел  од експертите пак со писмо побараа пратениците да ги стопираат овие закони затоа што со нив се руши енергетскиот суверенитет на државата. Најмногу реакции имаше за Митилинеос односно за изградбата на новата когенеративна централа во Железара. Нивните анализи покажаа дека инвеститор ќе се богати за сметка на шетата која ќе ја претрпи државата.

Со другите три предлог закони се предвидува да се градат нови централи во Штип , Светки Николе, во Пехчево. Тука е и инвестицискиот проект АИМ ГРЕЕН ТЕЦК, односно изградбата на една гасна и фотоволтаична централа. Сите тие добиваат низа поволности кои тешко може да ги ужива домашниот бизнис.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Истече преодниот рок за почеток на примената на одлуката за укинување на динарот на Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе