Маж на возраст од 24 години е повреден од истрел со огнено оружје попладнево во Скопје. Инцидентот се случил во близина на поликлиниката „Бит Пазар“. Повредениот е однесен во ГОБ „8 септември“ со прострелна рана во ногата.
Според првичните информации, во повредениот пукал Р.Ш. Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.