Пациенти кај кои вирусот се задржал само во горните дишни патишта, полесно се заразуваат по втор пат и развиваат потешка клиничка слика од претходната. Дел од нив во разговор за Телма ги опишуваат симптомите. Јагода Цветкова е меѓу пацинетите кои по вторпат се соочиле со Ковид. Иако страда од хронични болести, охрабрува дека не сите заболени со коморбидитети завршуваат трагично. До луѓето упатува апел да им веруваат на докторите и да не се плашат.
Како се заразила, и низ што се` поминала, Цветкова раскажува во разговорот со Билјана Николовска.
