Вести Македонија Топ вести

Нови шест случаи на заразено со салмонела во Берово- Се уште се чекаат анализите на дел од храната

Се зголемува бројот на заразени деца со салмонела во беровскиот регион. Центарот за јавно здравје-Кочани денеска регистрира шест нови случаи, со што бројот на заразени деца во Берово се искажи на 11. Директорот, Гоце Серафимов вели дека за анализа пристигнати се нови мостри.

Претходно од оваа институција информираа дека од направените анализи на земаните мостри од површините и вработените во детската градинка 23 август се покажа дека нема салмонела, но се уште се чекаат резултатите од храната, кои најверојатно ќе се знаат во текот на утрешниот ден.

Случајот со бактеријата салмонела во беровската градинка „23 август“ е од минатата недела, кога беа потврдени пет случаи, а дали и новите шест се поврзани со градинката ќе се знае по направената анкета од епидемиологот.

Родителите реагираа на социјалните мрежи и посочија дека околу 40 деца имале здравствени проблеми со симптоми карактеристични на оваа бактерија. Кујната во градинката е затворена, се додека не се добијат три последователни негативни тестови.

Викторија Јованова

Површините во градинката во Берово без салмонела, утре се очекуваат резултати и од анализите на храна

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе