Вести Македонија

Намален притисок, чести рестрикции, но зголемени сметки – тетовци со поголема цена за вода и комуналии

Зголемувањето на сметката за вода и комуналии, кое беше потврдено со одлука на последната седница на Советот, жителите на Тетово го сметаат за неоправдано, со оглед на тоа дека градот има проблеми со водоснабдувањето, чести рестрикции и намален притисок, особено во погорните населби и зградите кои немаат хидрофор. Претходно беше воведена и нова методологија за пресметка на фактурите за отпад по квадратни метри, наместо по глава на жител. Граѓаните се жалат дека сметките само се покачуваат, а стандардот е низок.

Во новите сметки на ЈКП „Тетово“, услугата за секој метар кубен потрошена вода за домаќинставата ќе поскапи за 5 денари, додека за сите останати корисници за 11 денари за секој метар кубен вода.

Од Општина Тетово образложуваат дека поскапувањето е согласно решението на Регулаторната комисија.

„Регулаторна комисија донесе решение кое го објави во „Службен весник“ од 16. 1. 2024 година според кое Управен одбор на ЈКП „Тетово“ донесе одлука за утврдување на тарифа за водна услуга-снабдување со вода за пиење. Утврдената тарифа за домаќинства е 21,5 денари за кубен метар за сите три години од 2024, 2025 и 2026 година. Како и 36,55 денари за кубен метар вода за сите останатите институции, правни лица, здравствени установи и друго“, велат од ЈКП „Тетово“.

Освен ветувања, досега немаше конкретни инвестиции за подобрување на старата и дотраена водоводна мрежа. И за годинава повторно локалната самоуправа со најава дека ќе се работи на тој план.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе