Додека градоначалникот Тимчо Муцунски се занимава со претстојните избори, Општина Аердром тоне во нечистотија, обвинува советничката од редовите на СДСМ, Сузана Делева.
Според неа, некогаш најчистата и најзелена скопска општина денес се претвора во огромна дива депонија.













