Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војникот кој фрлил мобилни преку ограда во Идризово се соочува и со престанок на работниот однос – реакција на Генералштабот на Армијата

/

Македонија

Сподели преку :

Веднаш по дознавање на случајот за припадник на Армијата, кој како дел од составот за поддршка на полицијата за обезбедување на КПУ-Затвор „Идризово“, е забележан како за време на извршување на должност фрлил мобилни телефони во дворот на затворот, се преземени потребните мерки согласно законските регулативи, соопшти Генералштабот.

„По евидентирање на случајот по хиерархијата на известување, од страна на Началникот на Генералштабот веднаш е издадена наредба и дадени конкретни задачи за преземање на сите пропишани законски дејствија и отпочнување на постапка за спроведување на соодветни дисциплински мерки. По квалификација на делото од страна на надлежните истражни органи, во рамки на законските надлежности ќе бидат преземени соодветни пропишани дисциплински мерки, кое за конкретниот случај согласно Законот за служба во Армијата, спаѓа во дисциплински престап за кое е предвидена и најстрогата дисциплинска мерка-престанок на работниот однос“, се наведува во соопштението на Генералштабот во кое се потенцира дека се осудуваат појави за било каков облик на недозволени или криминални однесувања на припадниците со кои се нарушува угледот на Армијата и секогаш безкомромисно ќе настојува овие припадници да бидат најстрого санкционирани согласно законските регулативи. 

Професионален војник доставувал мобилни телефони во Идризово – ОЈО Скопје поведе постапка и предложи притвор за осомничениот

Дваесет и тригодишен професионален војник во Армијата е осомничен дека снабдувал затвореници во „Идризово“ со мобилни телефони. Против него е повредена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Настанот, според Основното јавно обвинителство (ОЈО Скопје, се случил на 1 февруари додека осомничениот, поради прогласена… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2