Владеењето во Македонија и таа кампања нема почеток и крај, тоа веќе станува дел и од политичката култура, изјави политикологот Иво Ранѓеловиќ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Пожалосно е што и младите во политиката се надоврзуваат на таа перманентност. И тука некаде е меѓу другите трагедии, македонската трагедија во политиката. Песимист сум дека ќе следиме некоја бог знае каква активна, односно суштинска кампања во предизборието“, смета Ранѓеловиќ.













