Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Небиу во Топ тема: Црната кампања веќе почна, партиските штабови интензивно работат на афери за политичките ривали

/

Македонија

Сподели преку :

Имаме перманентна кампања, но таа е негативна и како таква веројатно зема замав, бидејќи влегуваме во изборна кампања, смета политичкиот аналитичар, Бесим Небиу во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ако забележувате, ниту една од страните не се фокусира толку многу на сопствената политичка понуда, туку на оцрнување на оној кој е нејзин политички противник. Тоа е црна кампања. Тоа е во делот во кој се обидуваат да го намалат рејтингот или оцрнат противникот со негативен имиџ. И тоа веројатно им служи во оваа фаза, пред да влезат во вистинска кампања“, изјави Небиу.

Според него, негативната кампања ќе се интензивира во наредниот период.

„Овие негативни елементи кои добиваат гласност и значење, некогаш влегуваат во фејк њуз. Овојпат веројатно и повеќе од било која претходна кампања, бидејќи технологијата е напредната, па многу полесно е да се изменаџира медиумската инфраструктура во своја полза. Сега можете да произведете целосно фејк њуз, односно дипфејк, и да го протнете на неколку простори. Дури и да излажете медиуми кои се раководат од некаква грижа за професионални стандарди, па и они тоа да го објават. Значи сега сме во таа фаза, не сме влезени во официјална кампања, туку партиските штабови интензивно работат на афери на сопствениот политички противник и на разни импликации и артикулации на тие афери. Најчесто тие афери се вистински, но некогаш се и фејк њуз“, истакна Небиу.

Jumbo 2