Вести Македонија Топ вести

Телевизија Клан доби нов управител со мандат до 31 мај

Телевизија Клан, чиј сопственик е акционерското друштво ТВ Клан од Албанија, доби нов управител. Тоа е косовскиот државјанин Фатон Шоши кој има мандат до 31 мај оваа година, датум, кој случајно или не, се совпаѓа со датумот на завршување на изборите.

Во централниот регистер е впишано дека ,,Управителот се именува за ограничен временски период од датумот на упис во Централниот регистер. Оваа телевизија ја поврзуваат со министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби со кој Шоша има и фотографии.

ТВ Клан пред два дена објави дека лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Информацијата беше поткрепена со фотографија од подземната гаража на седиштето на партијата. Истовремено, текстот беше испратен и на електронските адреси на другите медиуми.

Набргу потоа, телевизијата повторно испрати мејл, во кој на некој начин потврди дека не се работи за новинарски текст, велејќи дека „го повлекува соопштението и ќе поведе постапка за одговорност кон новинарот кој што неавторизирано испратил меил до други медиуми со непотврдена информација“. Во новата порака стои и дека, се во фаза на екипирање на нов состав на вработените и ќе истражат дали овој инцидент е намерен од страна на актуелни или веќе отпуштени вработени за да ѝ се наштети на телевизијата.

Ова следеше откако ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека таква средба се случила и одговорноста за објавувањето на таква лажна вест му ја припишаа на поранешниот вицеперемиер Артан Груби.

„Прашуваме од каде знае Артан Груби, кој е во Австрија (пазарејќи во еден од луксузните продавници на Гучи, Барбери и Версаче) дали Арбен Таравари бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Денес Таравари не беше во ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја разбираме нервозата и фрустрацијата на Груби поради броените денови во власта”.

Паркираното возило во гаражата е на претседател на партиски огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Маврово-Ростуше.

Таравари (не) бил на состанок со Мицкоски, ама Груби од шопинг на скапи брендови низ Виена шири лажни вести, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Правиме нова потрошувачка кошничка со реални податоци, бројките на синидикатите не се точни

Дејан Дејан

Расте бројот на умрени лица од насилна смрт- двојно повеќе се мажи од жени, најчесто се гинело во несреќи

Дејан Дејан

(Видео) Осомничени за подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста – уапсени шест лица во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе