Вести Македонија Топ вести

Професионален војник доставувал мобилни телефони во Идризово – ОЈО Скопје поведе постапка и предложи притвор за осомничениот

Дваесет и тригодишен професионален војник во Армијата е осомничен дека снабдувал затвореници во „Идризово“ со мобилни телефони. Против него е повредена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Настанот, според Основното јавно обвинителство (ОЈО Скопје, се случил на 1 февруари додека осомничениот, поради прогласена кризна состојба на подрачјето на затворот, бил ангажиран како надворешно-статично обезбедување од стражарна кула на оградниот ѕид на објектот.

„Притоа, тој презел дејствие со кое ги пречекорил границите на своите службени овластувања со намера за двајца осуденици кои издржувале казна затвор во затвореното одделение и на кои согласно куќниот ред во затворот им се забранети мобилни телефони, да им прибави и да им овозможи користење на мобилни телефони и комуникација без надзор на затворска полиција“, се наведува во соопштението на ОЈО Скопје.

„Откако претходно скрил 10 мобилни телефони во тактичкиот елек од униформата која ја носел, тој го напуштил стражарното место и знаејќи дека осудениците биле пуштени на дневна прошетка и го чекаат, застанал до ѕидот од кабината и последователно преку две заштитни огради им ги фрлал мобилните телефони, со цел да им овозможи комуникација без надзор“, се додава во соопштението на ОЈО Скопје.

Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе