Вести Македонија Топ вести

Повеќе кадар, подолго работно време, ревизија на термините за промена на личните документи – исправите со старото уставно име важат уште десет дена

Повеќе кадар и подолго работно време во пунктот за промена на личните документи. Министерството за внатрешни работи планира вака да се справи со метежот кој трае со месеци. Се најавува и двосменско работење во полициската станица „Пролет“, во привремениот пункт кој треба да го олесни и забрза процесот.

Извори на Телма покрај ова, брифираат дека во план е и ревизија на термините, односно, ако некој има закажано термин, а притоа се фотографира во пунктот без закажување – тогаш резервираниот термин да биде избришан од системот.

Во моментов, зафатени се термините и за брза постапка, сѐ до април и мај.

Засега нема информации колкав број на обрасци има и колку недостасуваат во МВР. Пред неколку дена, техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со амбасадорката на Република Грција.

Тогаш МВР преку соопштение информираше дека Тошковски и го презентирал наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи. Обрасците не се изработуваат во Македонија, туку се носат од странство.

  • Министерство за внатрешни работи: „МВР е во фаза на спроведување на обуки на службеници кои ќе бидат вклучени во процесот на зголемување на потенцијалот за прием на граѓани кои аплицираа за патни исправи. Се очекува во втората половина на овој месец да пристигне поголема количина која ќе ги задоволи потребите до наредната нарачка.“

Доколку македонски државјани кои престојуваат во странска држава по било кој основ и кои до 12 февруари немаат извадено нови патни исправи, истите можат да се вратат во државата со Патен Лист, издаден од најблиското дипломатско конзуларно претставништво во странство.

  • Министерство за надворешни работи: „Нашите државјани имаат право да се фотографираат во најблиското дипломатско конзуларно претставништво во странство, во кое имаме воспоставено базна или мобилна станица, преку телефонско закажување или комуникација по е-маил. Претставништвата со базни станици се во: Минхен, Бон, Берлин, Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Њујорк и Чикаго. Претставништва со мобилни станици има во: Брисел, Стокхолм, Венеција, Торонто и Мелбурн. Процедурата за стекнување со нова патна исправа од денот на сликање трае околу 30 дена, по што државјаните ги подигнуваат новите патни исправи во дипломатското или конзуларното претставништво каде го извршуваат сликањето.“

Во случај државјанинот да не е во можност да ја подигне патната исправа во претставништво, по негово барање и со потпишување на изјава, истата може да ја добие преку брза пошта. Трошоците или поштарината се на негов товар.

Вадењето новите лични документи е обврска за граѓаните која произлезе од Преспанскиот договор. Согласно Договорот, тие имаа на располагање пет години за да ги променат документите.

Од МНР потсетуваат и дека по истекот на рокот на важење на старите пасоши, без нови патни исправи нашите државјани немаат можност да ја напуштат земјата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе