Вести Македонија

Мицкоски: Сите оние кои се богатеа на маката и здравјето на пациентите ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Сите оние кои се богатеа на маката и здравјето на пациентите ќе бидат изведени пред лицето на правдата, порача лидерот на опзицијата Христијна Мицковски кој на партиска трибина, на тема здравство го отоври прашањето за истрагата за злоупотребите на Oнкологија.

  • Можеби и како во сите области, така и во здравството не ни треба рестарт, туку ни треба една трансформација. Целосна трансформација затоа што времето како да не го следиме, и сега сето тоа кога ќе му при додадеме лошо менаџирање посебно последните 6 години од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш рестартирањето не би било соодветна мерка која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би требало да го направи. Нас ни треба целосна трансформација, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека според сите истражувања здравството е втора тема само во Македонија која ги мачи граѓаните и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи сите граѓани да добијат соодветна здравствена нега и услуга која што ја заслужуваат онака како што треба.

Само во Македонија здравството е втора тема која што ги мачи граѓаните како проблем и тоа да ни биде нас своевиден мотив како политичка гарнитура како тоа воопшто да не биде тема, односно сите граѓани да добијат соодветна здравствена нега и услуга која што ја заслужуваат онака како што треба, објасни тој

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе