Вести Македонија Топ вести

Изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки вратени на одобрување кај новата влада

Предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки е повлечен од собраниска процедура поради административни причини. Тој се очекува да се најде на дневен ред на следната владина седница на која треба да биде дадено ново одобрение.

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада, административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија, се вели во одговорот од Владата.

На 221-та владина седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени да ги достави до Собранието.

МНР го предложи, а сега зелено светло дава и Стејт департментот за законот за рестиктивни мерки

Движењето БЕСА: Taлат заштитник на криминалот констатирано и од САД

Талат Џафери го повлече законот со кој треба да се казнат сите оние функционери и бизнисмени на владата на СДСМ – ДУИ, кои Соединетите Американски Држави ги ставија на Црната листа поради нивната вмешаност во финансиски криминал, главно со злоупотреба на позициите и се збогатија на грбот граѓаните, реагираат од БЕСА.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Претседателката нема да предлага член на Судски додека не се донесе новиот закон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе