Блокадата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Комисијата за европски прашања раководена од координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, предизвика реакција и кај националните и регионалните радио станици во Македонија.
Тие ги осудуваат опструкциите на законот, сметајќи дека со ова се отвора пат за пиратеријата, но и го спречува регулирањето на медиумскиот пазар.













