Вести Македонија Топ вести

МНР го предложи, а сега зелено светло дава и Стејт департментот за законот за рестиктивни мерки

Стејт департментот со поддршка за предлог-законските измени во земјава со кои треба да се санкционираат лица и субјекти кои се ставени на „црната листа“ на САД. Ставот на Стејт департментот, за законските измени кои се стасани во Собранието, е даден за „Гласот на Америка“ на македонски јазик, при што се наведува дека институционалните и законски реформи кои ја зголемуваат транспарентноста и ја зајакнуваат борбата против корупцијата се добродојдени.

„Иако не коментираме за законодавството што се очекува, ние ги поздравуваме и силно ги поддржуваме сите напори за истрага на наводни коруптивни криминални активности, како и да се повикаат на одговорност оние кои ja злоупотребуваат јавната доверба за лична корист“, изјавиле од Стејт департментот.

Со измените на Законот кои владата, на 16 јануари, консензуално ги усвои на предлог на МНР, освен проширување на делата за кои може да се воведат рестриктивни мерки, како корупцијата, организираниот криминал, злоупотреба на службената положба и хибридните дејствија против државата, се проширува и листата на акти врз кои државата ќе постапув со воведување рестриктивни мерки како тие на Обединетото Кралство и на САД, односно американската „црна листа“.

Со измените на Законот владата е обврзана веднаш да ги побара доказите за воведената санкција од друга држава врз македонски граѓанин или субјект и да ги достави до Обвинителството.

„Јавниот обвинител по приемот на Одлуката и Иницијативата од ставот 1 на овој член, согласно законот за кривичната постапка, предлага итна привремена мерка за обезбедување до надлежниот суд, како и/или постапка за конфискација на имот во кривична или граѓанска постапка, доколку се исполнети условите согласно закон и во роковите пропишани со Закон за кривичната постапка“, гласи став два од новиот член 9-а од Законот.

Втора клучна измена во Законот е суспензијата од вршење на јавна функција или учество во јавни набавки на лице кои се нашло на „црна листа“, се до правосилна судска одлука.

Член 9-а став 3 а) и б) од Законот за рестриктивни мерки

„а) За лицата – носители на јавни функции настанува последица привремена забрана лицето да се кандидира за јавна функција (избрана или именувана), односно привремено суспендирање/оддалечување од вршење на јавната функција (избрана или именувана)

б) На физичките и правните лица им се забранува учество во јавни набавки, договори за концесии, јавно-приватно партнерство, аукции, отуѓување/пренос/подарување на движен и недвижен имот, подигање кредити и склучување на јавни договори и други сродни правни работи како и ставање во мирување на лиценците и овластувањата за вршење на дејност“, наведено е во Член 9-а став 3 а) и б) од Законот за рестриктивни мерки.

Доколку носител на јавна функција во кривична постапка добие безусловна казна поголема од шест месеци му се констатира престанува или му се одзема мандатот кој го имал.

Финансиските мерки кон лица или субјекти престануваат да важат со одлука на Владата во рок од 24 часа по добивање на сознанијата дека престанал основот за нивното воведување.

Од Владата за Телма велат дека предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе