Вести Македонија

Макпетрол во соработка со Dell Technologies – одржана технолошка конференција во Скопје

Експертите од Dell ги претставија иновациите кои оваа американска компанија ги нуди на нашиот пазар преку парнерот Макпетрол, чиј кадар е сертифициран за продажба и имплементација на комплексните системи  за складирање и заштита на корпоративни податоци. Главниот фокус на настанот беше клучната улога на податоците за развој на бизнисите.

„ Денеска ние имаме фирми кои немаат ништо меѓутоа имаат податоци и знаат како да ги користат. Еве на пример фејсбук спаѓа меѓу најбогатите фирми токму поради таа причина. Не дека податоците се валута па со нив може да се плаќа, меѓутоа очигледно на некој начин со користењето на гугл, фејсбук и другите мрежи нашите податоци се преработуваат и потоа се формира некој сервис“, вели Гоце Јанкулоски,  Dell Technologies.

На настанот беа објаснети решенија за унапредување на начинот на чување на податоците и нивната безбедност, како и можноста за искористување на иновативните програми на Dell како хардверска платформа за имплементација на решенија базирани на вештачка интелегенција.

Алатките на вештачката интелигенција се се поатракативни и поприменливи за бизнисот. Но голем ризик се кога на нив се аплицираат компаниски податоци, кои наместо тајни стануваат јавни достапни за него , со што се предизвикува загуба на интелектуална сопственост објаснија од Dell Technologies.

„Тоа е кога се ставаат сензитивни компаниски податоци на јазичен модул и тој ги презема. Поминува низ нив, но, тоа се доверливи информации, модулот ги презема и се што модулот ќе научи и запамети, тоа станува јавно достапен податок на модулите, ChatGP е најпознат. Треба да знаете дека тоа станува достапно за секого. На пример ме прашувале автори на песни, дали може да го прашаат ChatGP нешто. Да. Можеш да го направиш тоа, да ги ставиш сопствените зборови од песната таму, но треба да знаеш дека секој друг што пишува песна така има слободен пристап до твојот инпут“, вели Виктор Наср, Dell Technologies .

Технолошката конференција на која присуствуваа менаџерите на најголемите информатички македонски компании се одржа во Скопје  во организација на Макпетрол во партнерство со светскиот гигант Dell Technologies.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до сто потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе