Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меџити: Не плукајте по сите здравствени работници, виновникот за „Онкологија“ да се знае со име и презиме

/

Македонија

Сподели преку :

Не плукајте по сите здравствени работници, истражните органи да испитаат докрај и виновникот да се знае со име и презиме, порача министерот за здравство, Фатмир Меџити во врска со случајот „Онкологија“.

„Еднаш засекогаш органите треба да постапат правилно и навремено и ниту еден случај да не се остави нерешен. Одговорно, најморално и професионално, и како лекар и како министер, велам оти нема повеќе да оставиме работите во здравството да талкаат со години. Оставам на истражните органи да испитаат до крај и, како што кажавме, со име и со презиме да се знае веќе кој е виновен. Да не се плука по сите здравствени работници. Тоа нема да го дозволам“, нагласи министерот за здравство.

Со оглед дека се сомничат директори и доктори на Онкологија, тој порача дека ништо нема да се одрази во функционирањето на Клиниката.

„Со менаџерите таму ги презедовме сите мерки. Клиниката функционира перфектно, со прегледи, со терапија, со сѐ“, нагласи Меџити.

Jumbo 2