Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ММА: Законот за аудио и аудиовизуелни услуги блокиран од кадар на ДУИ пред надлежната комисија

/

Македонија

Сподели преку :

Македонската Медиумска Асоцијација ( ММА) се залага за регулирање на медиумскиот пазар со соодветни законски решенија која ќе овозможат спречување на ширењето на пиратеријата, нејзино соодветно казнување но и регулирање на пазарот со соодветно законско решение за емитувањето на националните телевизии од страна на кабелските оператори но и транспарентност на трошењето на буџетски пари во јавните кампањи низсоодветна законска процедура преку Собранието како контролен механизам .

За таа цел веќе неколку години ММА предлага измени на членовите во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги ,  за оствариување на овие цели,  заради регулација на пазарот но и подигнување на јавнната свест а се со цел развој на демократските процеси во земјата и плурализмот.

Особено е важно што ММА успеа во согласност со неколку европски закони од оваа сфера (пред се Хрватскиот) во согласност со сите повикани страни, Владата, Ресорното Министерство за информатика и администрација, преку Јавна Дебатра со учество на експерти и преставници од Европката Комисија да ги направи овие измени кои се преточени во членови од Законот

И покрај поддршката од сите релевантни фактори, и покрај тоа што овие измени на Законот имаат европско знаменце, тие веќе со месеци се заглавени во Парламентот пред Комисијата за европски прашања раководена од пратеникот на ДУИ и координатор на пратеничката група Арбр  Адеми , кој од јавно необјаснети причини не ги става овие измени на дневен ред на Комисијата

Измените се дел од реформските закони на Министерот Азир Алиу кој и јавно се произнесе дека овој и други закони се заглавени пред оваа комисија за што рече и дека доколку не се донесат ќе поднесе оставка.

Не сакаме да веруваме дека преставникот на ДУИ Арбр Адеми поради причини познати само на неговата партија не сака да стави на дневен ред на гласање Закон кој регулира пиратерија , медиумски пазар, и транспарентност на трошење буџетски пари за јавни кампањи.

Не ставањето на овој Закон пред комисијата го сфаќаме како уцена кон нас членките на ММА пред престојните избори и со тоа индиректно мешање во нашата уредувачка политика.

Со почит членките на ММА

ТВ Канал 5

Тв Алсат

ТВ Алфа

Тв Телма

Jumbo 2