Новиот министер за внатрешни работи денеска посети пункт за промена на личните документи без закажување во полициската станица Пролет, за лично да изврши увид во работата на пунктот и да ја утврди фактичката состојба.
Mинистерот Панче Тошковски праша зошто повеќето од пунктовите се празни, на што вработените одговорија дека многу од колегите ги нема, нема доволно кадар, а тие се преоптоварени. Потоа Тошковски им се извинуваше на сите присутни граѓани и порача дека ќе има решение.













