Вести Македонија Најважни

Не биле понудени доволно докази за можно бегство – Незири и Рамдедовиќ, осомничени за упадот во М-НАВ, се пуштени од домашен притвор

Незири и Рамдедовиќ беа во групата од четворица осомничени кои беа приведени ден по упадот и на кој првично им беа дадени поблаги мерки за обезбедување, па потоа по жалба на обвинителството добија домашен притвор. Освен немањето докази за бегство, Апелација смета и дека и високата предвидена казна од минимум пет години затвор не е одлучувачка некој осомничен да добие притвор при што ја цитирале и праксата на Европскиот суд за човекови права.

„Ниту во обжаленото решение со кое кривичниот совет при првостепениот суд определил мерка куќен притвор не се наведени образложени причини релевантни за донесување на одлуката за преиначување на решението на судијата на претходна постапка и определување на мерка куќен притвор“, се вели во одлуката на Апелациониот суд Скопје за Незири и Рамдедовиќ. 

Обвинителството сметаше дека двајцата, како и сите останати осомничени, треба да добијат притвор не само поради бегство, туку и поради можно влијание на сведоци и на истражната постапка. Тоа било прифатено од кривичниот совет во Кривичниот суд, но отфрлено на втор степен.

„Советот сметал дека постои страв дека осомничениот може да ги уништи трагите на кривичното дело и да влијае врз сведоците и врз соизвршителите, бидејќи истите не се сослушани, не е извршено вештачење на мобилни телефони, а во тек е и прибавување како на метеријални така и на вербални докази. немало доволно докази за бегство“, се додада во одлуката на Апелациониот суд Скопје за Незири и Рамдедовиќ.

Инцидентот се случи на 4 јануари, кога група од вкупно 11 луѓе предводена од советникот на директорот на М-НАВ и функционер на ДУИ нападна контролор во контролата на летање на скопскиот аеродром.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе