Вести Македонија Топ вести

Меѓу осомничени е и поранешниот економски директор на Онкологија

По налог на обвинителството, полицијата досега обезбеди 5-мина од осомничените за случувањата во Онкологија поради сомнежи за продажба на цитостатици и лекови и поради други злоупотреби.

Покрај поранешниот директор на Клиниката Нино Васев, приведен е и поранешниот економски (организациски) директор на клиниката Нехат Нухи.

Покрај Васев уште две лица се уапсени на клиника, а една лице е повикано на распит во рамките на полициската потрага. Меѓу оние што се однесени во обвинителството на распит се и Спиро Дамески, Славица Спасовска и Елена Џонова.

Од обвинителството кратко соопштија дека истрагата е во тек, обезбедени се и задржани 4 лица, а едно лице било повикано за да даде информации во истрагата. Извршени се претреси на три локации.

Скопското обвинителство отвори предистрага за случајот по повеќе новинарски истражувања. По неколку месеци прибирање докази, истрагата со поднесување кривична пријава е отворена рано утрово. Дел од приведувањата и апсењата се одвивале и на самата Клиника пред пациентите кои се лекуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Бела пена ја прекри реката Вардар доаѓа од Лепенец – инспекторатот е на терен

Дејан Дејан

Обвинителството не ја поврзува смртта на вработен од Комуналец во канал, со загадувањето во Гостивар – има видеозапис од неговата интервенција

Дејан Дејан

Кај заболените во Гостивар изолирани бактерии и вируси, но вистинскиот причинител за стомачните тегоби нема да се дознае – велат од КЗБ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе