Бројките, растат, заразените ги полнат амбулантите, а симптомите ги туркаат во во болнички кревет заболените. Последната жртва на сезонскиот грип кој масовно се шири е 20-годишна девојка. Ова е седми смртен случај откако грипот зема замав.
Девојката била префрлена од Клиниката за хематологија каде што правела испитувања. По кратко боелдување, и настантите компилакции таа ѝ подлегнала на болеста. Младата жена не била вакцинирана, а токму грипот е кобен за лугето со тешки или хронични заболувања, вели д-р. Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.
Тој апелира да се почитуваат и препораките за задолжително носење на маски во здравствените установи, особено хронично болните и при движење во средини со голема фрекфенција на луѓе.
Иако сезонскиот грип постојано ги полни амбулатните и бројките на Институтот за јавно здравје, лекарите предупредуваат дека болеста допрва ѐема замав, особено кон ркајот на февруари и почетокот на март.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, се регистрирани шест починати лица асоцирани со грип, две од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар и Штип, во возрасната група над 65 години и од возрасната група на лица 15-64.
Над илјада пацинети редовно, неделно пријавуваат симптоми на грипот.













