Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калеска Ванчева во Топ тема: ДИК треба да се комплетира, но не може да се предложи било кој кандидат

/

Македонија

Сподели преку :

Се согласувам дека клучна институција во спроведување на избори е Државната изборна комисија (ДИК) и сигурно е дека треба да биде комплетирана. И тука немам дилема. Точно е дека законот е јасен. Зошто и како настанаа одредени проблеми и несогласувања, за тоа можеби ќе треба малку поширока елаборација, рече Снежана Калеска Ванчева од СДСМ во вечерашната дебата во Топ тема на Телма ТВ.

„Имавме ситуации, преминување од една група во друга, опозиција, позиција, па некои недефинирани работи. Но, настрана сето тоа. Јас сметам и тврдам дека час поскоро треба да се пополни испразнетото место во ДИК, нормално, онака како што налага законот и да имаме комплетна Државна изборна комисија“, изјави Калеска Ванчева.

Според неа, кога се зборува за нешто што е уредено со закон, во смисла на политички решенија, не треб а да се навлегува во детали за кадровските решенија.

„Ако е тоа одредено за опозиција, тогаш треба да си го даде кандидатот. Но, сепак, тој кандидат мора да ги исполнува условите кои што се предвидени во законот. И не може да имаме неограничена слобода дека на било кого припаѓа тоа место, па може било кој кандидат да се предложи“, рече Калеска Ванчева.

Таа му одговори на Реџепи дека владата ќе биде изгласана, без разлика дали опозицијата ќе гласа или не.

„Ние говороиме за она што е добро, политички, особено во пресрет на изборите. И кога станува збор за техничка влада во која што учествуваат и министри и дополнителни министри на предлог на опозицијата. Тоа е нешто што дава поголема сигурност уште на самиот старт, поголем кредибилитет на изборниот процес кој што треба да следува. Тоа е суштината на техничката влада, затоа и беше формирана за да не се фрла никаква дамка врз изборниот процес во кој сите ќе имаат доверба“, истакна Калеска Ванчева.

Jumbo 2