Проблемите и предизвиците во судскиот совет и судството биле во фокус на средбата меѓу претседателката Весна Дамева и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер.
„Амбасадорката Агелер посебно ја истакна потребата за борба со корупцијата, независното, ажурното и непристрасното одлучување на Судскиот совет и судовите, а со цел обезбедување на владеење на правото и даде силна поддршка на Судскиот совет во остварување на своите функции, согласно со Уставот и законите, во насока на обезбедување и гарантирање на самостојноста и независноста на судската власт“, се наведува во соопштението на Судски совет.
Дамева ја информирала Агелер дека Судскиот совет ќе започне со имплементација на 40-те препораки на Оценската мисија на Европската Унија. Телма вчера објави какви препораки дала оценската мисија од финансиска независност за судстовто до кратење на мандатот на членовите.
Меѓу предлозите на европските есперти се и дефинирање на поимот „истакнат правник“, намалување на бројот на судии потребни за поведување на дисциплинска постапка за член на судски, но и можост судиите да гласаат против кога има само еден кндидат за член на судски и можност членовите од редот на судиите да продолжат да судат со што би останале блиски до судиската работа. Имплементацијата на овие препораки се клучна реформа за судскиот совет, кој денеска одбележува 30 години од функционирањето.
Поради сите случувања, јубилејот одлучиле да го прослават само со свечена седница, а ги споменаа и претходниците. И независноста на судството меѓу приоритетите за иднината.
Независноста, владеење на правото и враќање на довербата во судството, претходно на средби со Дамева, ги истакнаа и амбасадорите на ЕУ и Холандија – Гир и Коп. Амбасадорот Гир потенцираше и дека 17 од 40-те препораки, содржани во извештајот на Оценската мисија на ЕК, можат веднаш да се спроведат, бидејќи се краткорочни, не бараат уставни и законски измени, и зависат од самиот Судски совет.
Елена Ивановска Мукоска













