Аплауз за македонскиот јазик. Првата задача на новоизбраниот спикер Јован Митрески беше да констатира дека 25 години по донесувањето на претходниот закон, пет години по влезот во собраниските процедурални лавиринти и повеќемесечното амандманско усогласување, новиот закон ги доби гласовите на сите 96 присутни пратеници.
Законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, вработување лектори во институциите, формирање инспекторат што ќе го контролира тоа, стипендии за изучување на македонскиот јазик и друго. Законот беше подготвен во 2019, но го „сопнаа“ распуштањето на Собранието и вонредните состојби. По јавната расправа, незакажувањето комисиска расправа, на почетокот од оваа година беше усогласен меѓу партиите со повеќе амандмански интервенции.
Соња Николовска













