Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Митрески нов спикер, премиерот и министрите станаа од фотелјите, Џафери доби мандат од Пендаровски за состав на техничката влада

/

Македонија

Сподели преку :

По цели 18 години, со Собранието повторно ќе претседава социјалдемократ. Досегашниот координатор на пратеничката група, Јован Митрески седна во „највисоката“ собраниска фотелја, веднаш откако беа констатирани оставките на неговиот претходник и на премиерот и министрите во владата. Се заколна дека функцијата ќе ја врши според уставот и законите, а во првата изјава по примопредавањето рече дека е отворен за соработка и за опозицијата која денеска не го гласаше.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не дадоа поддршка за Митрески поради, како што рекоа, неговото учество во погрешната политика на мнозинството.

Од Левица му порачаа на Митрески, кој е стружанин, дека и златна рипка да фател, немало да му текне дека би можел да стане спикер во парламентот.

Митрески ќе претседава со Собранието до распуштањето пред изборите.

Попладнево во претседателската резиденција на Водно, претседателот Пендаровски му го предаде мандатот на новиот мандатар за состав на техничката Влада која ќе функционира до изборот на новата влада по парламентарните избори. Седницата за избор на техничката Влада, чиј состав е веќе познат, ќе биде во  недела, на 28 јануари.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2