Вести Македонија Најважни

Џафери со порака до холандскиот амбасадор дека Судскиот совет не е негова работа

„Тоа не е негова работа како работи Судскиот совет“. Со овие зборови претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја коментираше оцената на холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп, дека Судскиот совет станал нелегитимно тело, откако на незаконски начин, што во декември и беше потврдено од Управниот суд, од претседателското место во мај беше сменета, Весна Дамева, на иницијатива на тогашниот потретседател на Советот, Селим Адеми.

Џафери коментарот го даде во интервју за поткастот на Слободен печат „Политиканти“, одговарајќи на прашање за реакциите на странските претставници во земјава за состојбата со борбата против корупцијата во Македонија и состојбите во судството. Според него сите се занимаваат со обврските на другиот, а не со сопствените обврски.

Инаку коментарот на Џафери доаѓа откако холанскиот амбасадор пред две недели се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да му ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ целиот политички спектар. На средбата Коп на Ахмети и му реагирал и за политичко влијанија во судството.

  • „Исто така, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија“, стоеше во објавата од холандската амбасада во земјава за средбата на Јан Коп со Ахмети на 10 јануари.

Реакцијата на Џафери доаѓа и откако Јан Коп пред една недела се сретна со Дамева која се врати на претседателското место по одлуката на Управниот суд. Холанскиот амбасадор притоа изрази задоволство што Судскиот совет повторно е правен субјек, најавувајќи дека Холандија ќе размисли за рестартирање на проектот со Судскиот совет кој беше суспендиран во мај по скадалозната смена на Дамева. Како што дознава Телма, одлука за рестартирање на проектот кој проектно беше предвидено да заврши во септември 2024, се уште не е донесена.

Но и средствата кои ги даваат другите држави за подобрување на состојбата во различни сегменти и институции во македонското општество, за Џафери не е доволна оправдување тие држави преку нивните амбасадори да реагираат и даваат мислење за состојбите во земјава.

  • „За да каже дека му се злоупотребени парите кои што ги динара нејзината влада и нејзините граѓани, ќе мора дебело да го докаже тоа“, рече Џафери во интервјуто.

Инаку проектот кој во мај го стопираше холандската амбасада за јакнење на капацитетите и компетенциите на Судскиот совет, стартуваше во септември 2020 со траење од четири години, а ги чинеше холанските даночни обврзници 954.000 евра.

Инаку од 2020 година до денес, Холандија финансирала шест проекти поврзани со македонското судство и владеењето на правото во висина од над два милиони евра, од кои три се се уште активни, несметајќи го запрението проект за Судскиот совет, како и три регионални проекти во кои е вклучена Македонија во висина од околу два милиони и 700 илјади евра, од кои два се се уште во тек.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Полицијата уште ги бара двајцата вандали кои со шовинистички пораки го „нагрдија“  српското културно друштво во Куманово – Работиме интензивно, велат од СВР Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе