Партијата Нова Алтернатива на чие чело неодамна застана Данела Арсовска нема да направи позначаен резултат од освојување на неколку стотини гласови во различни изборни единици, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Нема потенцијал за нешто повеќе. Евентуално ако влезе во коалиција со други политички партии. Во последно време, во Град Скопје, е јасно изразена коалицијата Гром – Нова Алтернатива – ДУИ и СДСМ. И Левица, да не ја заборавиме“, изјави Мицкоски.













